Одбележување

Пендаровски на 65-годишнината од постоењето на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина

13.11.2023 21:00

Претседателот Пендаровски истакна дека за да ја исполни својата вистинска улога, македонскиот систем за социјална и здравствена заштита треба да учи од добрите примери и практики, а за тоа не треба да одиме подалеку од специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“.

Претседателот Стево Пендаровски заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека за да ја исполни својата вистинска улога, македонскиот систем за социјална и здравствена заштита треба да учи од добрите примери и практики, а за тоа не треба да одиме подалеку од специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“.

ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“-Скопје е единствена јавна здравствена установа во Република Северна Македонија која работи во полето на геријатриската и палијативната грижа. Установата има за цел да ја следи состојбата, да проучува, евалуира, известува и планира проекцијата на идните здравствени потреби и функционалните онеспособеност на старите лица во институција и надвор од институцијата.