Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
14.11.2023 08:08
По одделни котлини ќе има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен до јужен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен до јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени, а максималната ќе достигне 21степен.
Во Скопје наутро со услови на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
