Оваа сезона поскап зеленчук

02.06.2014 09:18

Дел зеленчукот произведен на македонските ниви има повисока цена од лани. На пример доматите, зелката и пиперките. Ќе има ли поскапување летово? Трговците велат дека извозните цени се за 10 до 15 проценти повисоки...

Цените на зеленчукот се повисоки оваа сезона. Извозниците откупуваат  за 10 до 15 проценти повеќе, а по невремето и поплавите во регионот се очекува трендот да продолжи.

Доматите чинат повеќе од лани, а се предвидува дека ќе скокнат и  краставиците, зелката  и пиперките.

Во моментов, земоделците не може да кажат што ќе се случи понатаму. За нив на трговците откупуваат по ниски цени, а на пазарите продаваат  по повисоки.

Иако е рано, и производителите на пченица  се надеваат на  поголем род  и откупна цена.

Особено, ако се забрани  извозот на жито и брашно од Србија, ќе се зголеми домашната побарубачката и цените.

 

Методија Трајков