Светски ден на дијабетесот
Централниот настан ќе биде во хотелот „Континентал“ каде ќе се одржи форум на кој ќе бидат презентирани експертски ставови и мислења, пред се за имплементацијата на Националната програма за дијабетес и се очекува да се донесат соодветни заклучоци и препораки за заедничко делување во текот на следната година.

Под мотото „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија-дејствуваме пред да стане непоправливо“ денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе го одбележи 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот.
Централниот настан ќе биде во хотелот „Континентал“ каде ќе се одржи форум на кој ќе бидат презентирани експертски ставови и мислења, пред се за имплементацијата на Националната програма за дијабетес и се очекува да се донесат соодветни заклучоци и препораки за заедничко делување во текот на следната година.
Претставници на Сојузот вчера остварија средба со претседателот на државата Стево Пендаровски на која укажале дека изминатите месеци се соочуваат со недостиг на ленти и на апарати за мерење на шеќерот во крвта, како и недостиг на анти – дијабетна терапија.
Според нив, неопходно е во целост да се смени и начинот на набавка на инсулин и да се напушти системот на тендерски постапки.
