Седници на три комисии во Собранието
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), по скратена постапка.

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за транспорт, врски и екологија.
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), по скратена постапка.
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Формирањето на Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија на дневен ред се неколку точки, меѓу кои годишните извештаи за работа на ЈРП МРТ, на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
