Обама на европска турнеја, ќе ги посети Полска, Белгија и Франција

02.06.2014 09:25

Зацврстувањето и модернизацијата на НАТО ќе биде една од темите за кои американскиот Претседател Барак Обама ќе дискутира во Варшава на самитот со лидерите од Полска, Хрватска, Бугарија, Романија, Латвија, Естонија и Литванија...

Реафирмација на посветеноста на Соединетите Американски држави кон европските сојузници е целта на посетата на американскиот Претседател Барак Обама на Полска, Белгија и Франција од 3 до 5 јуни.

Зацврстувањето и модернизацијата на НАТО ќе биде една од темите за кои американскиот Претседател Барак Обама ќе дискутира во Варшава на самитот со лидерите од Полска, Хрватска, Бугарија, Романија, Латвија, Естонија и Литванија.

Украина и енергетската независност на Европа ќе биде главна тема на состанокот на Г7 во Брисел. Претставниците на седумте најбогати држави во светот ќе разговараат и за санкциите против Русија и Договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ.

На 5 јуни ќе биде обележана 70-годишнината од инвазијата на американските војници во Нормандија клучна за победата во Втората Светска Војна, каде ќе престојува Барак Обама, но и рускиот Претседател Владимир Путин.

Американскиот Претседател планира да се сретне со Путин за да разговараат за ситуацијата во Украина.