Украина
Три лица загинаа во руското гранатирање врз Херсон
14.11.2023 09:23
Украинската армија пред една година го ослободи северниот дел на регионот Херсон...

Три лица загинаа, а 17 се ранети во руското гранатирање врз јужниот украински град Херсон и околината. Украинската армија пред една година го ослободи северниот дел на регионот Херсон. Јужниот дел сè уште е окупиран од руски војници, кои ги гранатираат заедниците под контрола на Украина од источниот брег на реката Дњепар.
Тешки бори се водат и во Авдиевка, Маринка, Запорожје. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина „знае што планира непријателот и како да одговори на тоа“.
