Сообраќај
МВР: 241 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење
14.11.2023 10:23
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.
Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон при возење, 29 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
