Србија

Лајчак во нова посета на Белград

14.11.2023 11:40

Посетата е во пресрет на средбата меѓу главните преговарачи на Белград и Приштина, Петковиќ и Бислими, на 16-ти ноември во Брисел...

Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак на разговори во Белград со српскиот претседател Вучиќ.

Посетата е во пресрет на средбата меѓу главните преговарачи на Белград и Приштина, Петковиќ и Бислими, на 16-ти ноември во Брисел. Тема на разговорите, очекувано е избалансираниот европски предлог за нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство.

Минатата недела Лајчак ја посети и Приштина, но не се сретна со косовскиот премиер Курти, туку со неговиот заменик Бислими и косовската опозиција.