Дипломатија

Османи: Идејата на Брисел е позитивен чекор

14.11.2023 11:49

Идејата на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во процесот на носење одлуки за надворешната и безбедноста политика, пред формалното членство, за шефот на македонската дипломатија Османи е позитивен чекор. Земјава се подготвува за Министерскиот совет на ОБСЕ. За американскиот амбасадор во организацијата, присуството на Лавров во Скопје е несоодветно во моментот, но додава дека не може да се забрани…

Шефот на европската дипломатија Борел сака да ги вклучи земјите од Западниот Балкан во носењето одлуки за надворешната и безбедносната политика на Унијата пред членството, со покана за учество на сите состаноци како набљудувачи. Ова е прифаќање на македонското барање за приближување на кандидатите пред полноправното членство, вели министерот за надворешни работи.

Претседавачот Османи потврди дека на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје се прават напори да може да присуствува и рускиот министер за надворешни Лавров, американскиот амбасадор во ОБСЕ вели дека доаѓањето на рускиот шеф на дипломатијата не може да се спречи оти Русија е членка на ОБСЕ.

„Министерскиот совет на ОБСЕ типично ги вклучува претставниците на сите 57 земји-членки. Ниту еден министер ќе го пречека со отворени раце рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров. Она што Русија го направи во Украина за што истражува Комисијата за злосторства против човештвото, што го прави учеството на Лавров проблематично за одреден број на делегации. Но, ОБСЕ е инклузивна организација и има 57 земји-членки“, рече Мајкл Карпентер-американски амбасадор во ОБСЕ

Мандатот на функционерите на ОБСЕ ќе биде продолжен за една година по завршувањето на нивниот мандат во почетокот на декември, за да има време за усогласување на земјите-членки, вели Османи. Додава дека нема поддршка за смена на носењето на одлуки во ОБСЕ со мнозинство наместо актуелното едногласно одлучување за прашања за кои нема согласност од сите, а се блокира работата на организацијата.

Ирина Гелевска