Македонија

МВР: Претрес во скопско Ласкарци, пронајден пиштол, приведено едно лице

14.11.2023 12:02

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштол и куршуми.

Денеска во село Ласкарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Б. (34) од село Ласкарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол, две рамки за пиштол и куршуми.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.