Претседателот Пендаровски ги прими учесниците на конференцијата на експертската мрежа на ОБСЕ
На средбата кај претседателот се разговараше за безбедносните предизвици со кои се соочува регионов, за безбедносната соработка во Европа, како и за улогата на ОБСЕ во актуелните светски конфликти...

Претседателот Пендаровски организираше прием за учесниците на конференцијата „Стратегиско предвидување во променлива средина: перспективи за соработка и безбедност во Европа – создавање на експертска мрежа на ОБСЕ“ што се одржува во Скопје. Тој ја поздрави иницијативата за основање експертска мрежа, оценета како суштинска за развојот на политиките на организацијата.
На средбата кај претседателот се разговараше за безбедносните предизвици со кои се соочува регионов, за безбедносната соработка во Европа, како и за улогата на ОБСЕ во актуелните светски конфликти.
Приемот во Вила Водно е во пресрет на одржувањето на министерскиот совет на ОБСЕ, на крајот на ноември во Скопје.
