Македонија

Јанакиески неправедно бил притворен, одлучи судот во Стразбур

14.11.2023 12:13

Во пресудата стои дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права. Судот утврдил и недостиг на доволни причини на неговото лишување од слобода и ненавремено разгледување на жалбите кои се поднесувани за притворите.

На поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“, одлучи денеска Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во пресудата стои дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права. Судот утврдил и недостиг на доволни причини на неговото лишување од слобода и ненавремено разгледување на жалбите кои се поднесувани за притворите.

Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески. Од таа сума, 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.

Јанакиески во моментов издржува затворска казна од три години и шест месеци за случајот „Титаник“, а веќе има одлежано речиси пет години притвор за разни предмети.