Евакуиран брачниот пар македонски државјани од Газа
Се работи за брачен пар, кој од Газа привремено е пренесен на египетска територија, а од главниот град Каиро се очекува да допатува во земјава.

Од Појасот Газа успешно се евакуирани и последните двајца македонски државјани, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи. Се работи за брачен пар, кој од Газа привремено е пренесен на египетска територија, а од главниот град Каиро се очекува да допатува во земјава.
„Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани“, информира Османи на својот профил на Фејсбук.
Пред две недели од Газа во Каиро беа евакуирани тројца македонски државјани – татко со две деца, а заедно со нив беше евакуирана и мајката која е државјанка на Палестина.
