Битола

Нов протест на пензионерите во Битола

14.11.2023 12:52

Пензионерите не се откажуваат до барањата за повисоки пензии. Денеска одржаа нов протест во Битола...

По протестот минатата недела во Скопје, денес повторно на плоштадот „Магнолија“ во Битола, се собраа пензионерите да го искажат своето незадоволство од ниските пензии и да потсетат дека не отстапуваат од барањата, се до нивно исполнување. Од плоштадот се упатија на мирен протест пред зградата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, и кратко ја блокираа улицата во центарот на градот.

Како што е веќе познато бараат 18.000 минимална пензија и 5.000 илјади линеарно покачување за сите пензионери. За наредниот вторник повторно закажа нов протест.