Пратениците расправат за случајот „Онкологија“

14.11.2023 13:43

Тече рокот до кога пратениците треба да утврдат евентуална политичка одговорност...

Во Собранието, нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“. Тече рокот до кога пратениците треба да утврдат евентуална политичка одговорност. Членовите на Комисијата, кои вчера ги отпочнаа предвидените 30 дена за разгледување на документацијата, треба да ја анализираат собраната документација и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во претходните 30 дена.

Известува Наташа Гркова – Петрушевска