Дијабетичарите се соочуваат со низа предизвици, велат оваа година е најтешка
Тања Шатановска од нејзината шеста година се бори со дијабетесот. Таа секојдневно се соочува со предизвиците што ги носи болеста, но и со нефункционалниот систем. Шатановска на Светскиот ден на дијабетесот раскажа со какви проблеми се соочуваат пациентите – немаат континуирана терапија и помагала за мониторинг на гликемијата …

Тања Шатановска е 31-годшина скопјанка, вработена, успешна. Но, на Тања на шест години и е дијагностициран дијабетес тип 1, од девет години сама одговорно се гржи за својата состојба, го мери шеќерот во крвта.
„Ми беа потребни 12 години за да прифатам дека нема лек којшто ќе направи магично да исчезне дијабетесот, и дека морам да живеам со него, а потоа ми беа потребни уште три години за да сфатам само какви компликации може да настанат доколку не го регулирам истиот“, вели Шатановска за МТВ.
Според дијабетичарите ова е најтешката година, поради тендер речиси цела година чекаат на ленти и глукомери. Како последица на ова, има многу срцеви и мозочни удари. Проблеми има и со терапијата.
Министерот вети дека ќе ги провери информациите и најави системско решение, пациентите навреме да добиваат ленти, глукомери, сè што е потребно за мерење на шеќерот.
Во Македонија има околу 120.000 граѓани со дијабет. Според проценките на СЗО уште толку, околу 130.000 се недијагностицирани и не примаат терапија.
Наташа Јанчиќ Менковски
