Нова седница на Анкетната комисија, пратениците расправаа за случајот „Онкологија"
Во Собранието, нова седница на Анкетната комисија за случајот „Онкологија“. Власта и опозицијата со обвинувања кој ги создал проблемите во здравството.Тече рокот до кога пратениците треба да утврдат евентуална политичка одговорност...

Повторно тензична атмосферата во Анкетната комисија за случајот „Онкологија“. Власта и опозицијата со обвинувања кој ги создал проблемите во здравството. ВМРО-ДПМНЕ го впери прстот кон екс-министерот за здравство Венко Филипче, но, утврдиле и поврзаност меѓу него, веледрогерија и поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев. Од владеачкиот СДСМ изразија загриженост и сомнеж дека ќе бидат донесени правични заклучоци. Не им се допаѓа тоа што колегите опозиционери два дена со име и презиме посочуваат виновници.
Анкетната комисија во законодавниот дом до трети декември ќе ги разгледува стенограмите, по што ќе донесат одлука за евентуална политичка одговорност.
Наташа Гркова-Петрушевска
