Стартуваа подготовките за дуелите со Италија и Англија
Избраниците на селекторот Благоја Милевски во петок ѝ гостуваат на Италија на Олимпискиот стадион во Рим, од 20:45 часот, а во истиот термин идниот понеделник ќе ја пречекаат Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонската машка фудбалска репрезентација вчера вечер во Скопје го одржа првиот тренинг пред двата завршни натпревари во квалификациите за ЕУРО2024.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски во петок ѝ гостуваат на Италија на Олимпискиот стадион во Рим, од 20:45 часот, а во истиот термин идниот понеделник ќе ја пречекаат Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонските фудбалери влегуваат во двата завршни евроквалификациски дуели без шанси за пласман на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Германија.
По шест одиграни натпревари во групата Ц, македонската репрезентација е на претпоследното, четврто, место со седум бодови. Лидер е Англија, која веќе обезбеди настапа на ЕУРО2024, со 16 бодови, пред Украина-13 и Италија-10 бодови. Последна е Малта без освоен бод.
Фото: МИА