Тенис
Ѓоковиќ по осми пат ќе ја заврши сезоната како светски рекет број еден
14.11.2023 14:58
Ѓоковиќ ќе го подобри сопствениот рекорд во оваа статистика...

Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во првото коло од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 2:1, по сетови 7:6 (4), 6:7 (1) и 6:3.
По оваа победа, 36-годишниот Србин си го загарантира првото место на АТП ранг-листата по крајот на сезоната.
Годината Србинот ќе ја заврши како бр.1 по осми пат. Ѓоковиќ ќе го подобри сопствениот рекорд во оваа статистика.
