Македонија

Мијалков куртули и од „Титаник 2“

14.11.2023 15:06

Апелацискиот суд го одби обвинението, бидејќи со измените на Кривичниот законик му застарело делото.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков куртули и од „Титаник 2“ за изборните нерегуларности.

Апелацискиот суд го одби обвинението, бидејќи со измените на Кривичниот законик му застарело делото.

На другите обвинети, Мендух Тачи, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими и Влатко Сајкоски, затворските казни им се преиначени во условни.

Тие претходно беа осудени на затворска казна од две години. Овој случај се однесуваше на изборни нерегуларности на локалните во 2013 година.