Претседателот на бугарското собрание во посета на земјава

Нов обид за затоплување на односите меѓу Скопје и Софија

14.11.2023 15:13

Во посета на земјава е претседателот на Народното собрание на Бугарија, Росен Желјасков. Тема на разговорите со колегата Џафери-соработката, евроинтеграциите, уставните измени…

Довербата што се гради треба да се спротивставува на говорот на омраза. Гаранција за тоа е почитувањето на правата на бугарската заедница, а уставните измени се дел од тој пат, рече претседателот на бугарското собрание Росен Желјасков по средбата со Џафери. Гостинот истакна дека Бугарија ја поддржува нашата европска интеграција, но важно е по патот да продолжиме заедно со Албанија.

Двајцата функционери разговарале и за имплементација на договорот за добрососедство.

Желјасков и Џафери од Собранието заминаа во Археолошкиот музеј каде ја отворија изложбата „Сребрена Тракија“.

Изложбата која го претставува тракиското сребро познато по својата уникатност и изработка, досега била претставена во повеќе музеи во светот.

Анита Димитријевска – Велковска