Финансии

Стокмен буџетот за в година, тежи рекордни 5,5 милијарди евра

14.11.2023 15:30

5,5 милијарди евра тежи буџетот за 2024-та година. Премиерот Ковачевски рече дека ќе биде столб на економското заздравување, исплатата на платите и пензиите ќе биде редовна, земјава ќе ги исполни обврските кон НАТО. Министерот за финансии се пожали дека четири години по ред живееме во криза, но најави раст на БДП од 3,4 проценти, и намалување на инфлацијата и на дефицитот…

Рекордни 5,5 милијарди евра ќе тежи буџетот за в година. Владата ја усвои државната каса и ги претстави контурите – растот на БДП треба да биде 3,4 проценти, инфлацијата да се намали и да изнесува 3,5 проценти, а треба да се намали и буџетскиот дефицит. Министерот Бесими рече дека иако четврта година по ред живееме во криза, сепак, в година ќе имаме помало задолжување за 150 милиони евра.

Премиерот Ковачевски рече дека буџетот ќе биде столб на економското заздравување. Според него, буџетот е развоен и одржлив. Двигател на растот се очекува да бидат бруто-инвестициите, со очекуван раст од 8,4 проценти како резултат на големите инфраструктурни проекти. Премиерот рече дека ваква скроениот буџет, гарантира редовна исплата на платите, пензиите и социјалната помош, и сервисирање на обврските на државата.

Бесими се пожали дека четврта година по ред живееме во криза, но, сепак, проектирани се пари за зголемување на платите во јавниот сектор, согласно општиот колективен договор, како и за покачување на пензиите.

 

Марина Стојанова- Тонева