Подготвеност за разговори за датумот за избори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски тврди дека одржувањето на претседателските и на парламентарните избори во еден ден, ќе значи и помали трошоци и поголема шанса за успешен процес. Тој бара што поскоро да се седне на маса. Премиерот Ковачевски вели – има доволно време за договор.

По децидното не за заеднички круг на претседателски и парламентарни избори, премиерот Ковачевски вели – кога и како ќе се одржат изборите ќе одлучат партиите. Според него, има доволно време за договарање. Ковачевски потенцира дека партијата која ја предводи ќе го каже својот став, но дека истиот ќе го хармонизира со останатите политички чинители.
Споени избори се добра опција бидејќи не сме богата држава и ќе одат на еден трошок, но и тоа претставува и можност за успех – смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
ДУИ, иако без формална одлука веќе размислува за заеднички круг избори, како што вели министерот Османи, поради логистичко – финансиски причини. Избори на три месеци би ја блокирале работата на институциите смета шефот на дипломатијата.
Миле Ристески
