Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
Полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе ги лишиле од слобода С.Н.(37), Н.Т., С.А., Д.А. и Ј.Н., сите од Свети Николе.

Денеска во Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Свети Николе ги лишиле од слобода С.Н.(37), Н.Т., С.А., Д.А. и Ј.Н., сите од Свети Николе. При претрес во домот на С. Н, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Додека, Н.Т. бил забележан како излегува од домот на С.Н. и при преглед кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, а останатите лица биле затекнати во домот.
Лицата се приведени во полициска станица Свети Николе и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
