Македонија

Маричиќ: Интелектуалната класа во македонското општество треба да биде движечка сила

14.11.2023 18:07

Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба во очи утрешниот годишен состанок на КОСТ...

Денес, заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ одржа работна средба во очи утрешниот годишен состанок на КОСТ (Европска соработка за наука и технологија, организација за научно-технолошко умрежување во Европа) на кој ќе присуствуваат високи претставници на СОЅТ од триесетина земји членки.

На средбата вицепремиерот истакна дека учеството на македонските научници и споделувањето на искуството, вмрежувањето преку најголемата организација за научно технолошко врмежување КОСТ е од големо значење за развој на општеството, и науката воопшто.

Маричиќ ја истакна информацијата дека според овогодишниот извештај за Северна Македонија за 2023 година, во рамките на поглавјето 25 кое се однесува за наука и истражување, нашата држава има постигнато добро ниво на подготвеност во таа област.

На средбата беше истакнато дека една од стратешките цели на КОСТ е задржување на младите истражувачи во своите држави преку куси програми за унапредување, градење капацитети и професионално доусовршување.

На утрешниот состанок ќе се разгледуваат важни прашања за статусот на СОЅТ во новата 10-та рамковна програма за наука и технологија хоризонт Европа на ЕУ од каде и се финансираа оваа програма.

На средбата присуствуваа, директорот на КОСТ, Роналд де Браун, ракодоводителката на одделот за политики Урсула Кастро, Советникот Елвин Рајминк од Кост и професорот Зоран Поповски како претставник на извршниот одбор на КОСТ.