Одлуки од 199-та седница на Владата
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го утврди Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година...

Од 199-та владина седница, утврден е Предлог Буџетот за 2024 година за реализација на потребите на граѓаните и раст на економијата, замрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември. Одобрен е Урбанистички проект за изградба на автопатот Прилеп – Битола, во рамките на Коридорот 10д.
Владата даде поддршка да продолжи реализацијата на воведувањето „Брз автобуски превоз во град Скопје“.
Утврден е текст на нов Предлог закон за вино: лозарите добиваат гарантирана цена на винското грозје и можност за зголемен извоз на македонското вино на пазарот на ЕУ. Одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк“.
Одлука за редуцирано работно време за време на Самитот на ОБСЕ во Скопје, стои во соопштението од Влада.
