Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

15.11.2023 08:08

Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд...

Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 16 степени, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.