мвр

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

15.11.2023 08:26

Полициски службеници од повеќе организациони единици од Секторите за внатрешни работи Битола и Штип вчера реализираа превентивни активности на теми кои што како таргет групи ги имаа возачите и децата од основните училишта...

Полициски службеници од повеќе организациони единици од Секторите за внатрешни работи Битола и Штип вчера реализираа превентивни активности на теми кои што како таргет групи ги имаа возачите и децата од основните училишта. Така, во рамки на СВР Битола во неколку училишта на подрачјето на Битола, Македонски Брод и Демир Хисар беа реализирани превентивни едукативни работилници под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“, а дополнително внимание се посвети и на злоупотребите преку социјалните мрежи.

На подрачјето пак на СВР Штип, на повеќе патни правци во и околу Штип, Пробиштип и Кочани беа спроведени активности во пресрет на почетокот на сезоната на задолжително носење зимска опрема во возилата којашто започнува од денес (15.11.) и ќе трае до 15.03. 2024 година.