Свет
ЕУ обезбеди дополнителни 110 милиони евра хуманитарна помош за Украина
15.11.2023 08:38
100 милиони евра ќе бидат наменети за Украина, а 10 милиони за поддршка на бегалците во Молдавија...

Европска унија обезбеди дополнителни 110 милиони евра хуманитарна помош за поддршка на Украинците погодени од војната, од кои 100 милиони евра ќе бидат наменети за Украина, а 10 милиони за поддршка на бегалците во Молдавија.
Во соопштението од Европска комисија се наведува дека и понатаму е тешка хуманитарната ситуација во Украина, како и оти почетокот на зимата претставува дополнителни предизвици за веќе ранливите заедници погодени од војната.
