ВМРО-ДПМНЕ: 5,5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024-та
Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024-та година проектирале 5,5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018-та година, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

5,5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024-та, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе. Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024-та година проектирале 5,5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018-та година, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Буџетот за 2024-та е напумпан, и како и до сега не носи развој, туку криминал и корупција. Од 2018-та година до денес власта потроши 25 милијарди евра низ буџети, и ништо ново не направи. Македонија стагнира на секое поле, нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема покачување на пензиите за пензионерите.
Шест години нема еден готов автопат. Кичево - Охрид е во застој, Скопје - Блаце не е ниту почнат. Каде се трошат милијардите евра од буџетите шест години по ред?- прашуваат од опозициската партија.
Очигледно е дека наместо кај граѓаните, парите завршуваат кај криминалците, затоа и власта се обидува да купи ден повеќе власт во 2024 година, за да продолжи со криминалот и корупцијата до последен ден. Потребни се итни промени, за грабежот да запре, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
