Сообраќај

МВР: 51 санкционирани возачи за брзо возење во Скопје, 21 без возачка

15.11.2023 09:18

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 21 мерка за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопштија од МВР.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 19 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непрописно престројување на возила …

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.