САД

Си Џипинг денеска на средба со Бајден

15.11.2023 10:12

Кинескиот претседател Си Џипинг допатува во САД. Ќе присуствува на самитот за Aзиско-пацифичката економска соработка што се одржува во Сан Франциско...

Кинескиот претседател Си Џипинг допатува во САД. Ќе присуствува на самитот за Aзиско-пацифичката економска соработка што се одржува во Сан Франциско.

Предвидено е да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден. Средбата ќе биде обид за зајакнување на економијата на двете земји. Ова е прва средба на лидерите на двете водечки светски економии од ноември 2022-ра година кога имаше средба на маргините на меѓународниот самит во Бали, Индонезија.