Евроинтеграции

Маричиќ: Вклучувањето на научниците е од суштинско значење за реформите на патот кон ЕУ

15.11.2023 11:11

Во својот говор вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста на учеството на Северна Македонија во СОЅТ, кој е доказ за посветеноста на нашата научна заедница и посветените претставници на академијата...

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, имаше свое обраќање на годишниот состанок на СОЅТ  (Европска соработка за наука и технологија, организација за научно-технолошко умрежување во Европа) на кој присуствуваа високи претставници на Комитетот на СОЅТ, функционери професори и др.

Во својот говор, како што соопштуваат од СЕП, Маричиќ ја истакна важноста на учеството на Северна Македонија во СОЅТ, кој е доказ за посветеноста на нашата научна заедница и посветените претставници на академијата, и затоа што треба да бараме можности за воспоставување солидна соработка меѓу научниците и институциите, споделувајќи го нивното меѓународно искуство за доброто на Северна Македонија.

„Како земја која преговара за полноправно членство во Европската унија, имаме можност да учествуваме во истражувачките програми на Европската унија и да ги почувствуваме придобивките уште пред пристапувањето. Ова вклучува македонски истражувачи во значајни проекти за иновации, истражување и наука. Научното истражување и споделувањето искуства се од најголема важност за нашето општество“- истакна Маричиќ.

COST (Европска соработка во науката и технологијата) е организација за финансирање на мрежи за истражување и иновации, и е најстарата и најголема програма за вмрежување во науката во Европа која е основана во 1971 година со седиште во Брисел. Освен членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ, Република Северна Македонија е членка на СОЅТ од 2002 година.

На состанокот учествуваше и Министерот за образование Јетон Шаќири, како и високи претставници на бордот на СОЅТ.