Градежна експанзија во полн ек

02.06.2014 10:43

Во услови кога градежната експанзија е во полн ек, градежните компании мака мачат да најдат работна сила. На пазарот на трудот фалат армирачи, ѕидари, тесари...а има недостаок и од инженери...

Градежните работи за изградба на двата нови автопати се во полн ек. На трасата од Миладиновце до Штип привршуваат подготвителните работи, на некои места се започнува и со пробивање на трасата. Делницата од Кичево до Охрид е во фаза на проектирање на пристапни патишта. Се работи и на изградба на градежните населби за работниците.
 
„Градиме населби, тие треба да се изградат, тука има провремени објекти, се вклучуваат градежни компании во дел на објекти, тие мораат да имаат подземна и надземна инфраструктура, во дел на времено сместување, сите луѓе кои се вклучени се во хотели, се разговара околу исхрана, од сам почеток некои гранки користат, превозници имаме, веќе и малите продавници во ближните места се отвараат кои ќе нудат основни работи за луѓето кои ќе гравитираат на тој дел“, објаснува Сеад Кочан, претседател на Градежната комора при ССК.
 
Во услови кога градежната експанзија е во полн ек, градежните компании мака мачат да најдат работна сила. На пазарот на трудот фалат армирачи, ѕидари, тесари...а има недостаок и од инженери.
 
Универзитетскиот професор Горан Марковски вели дека новиот бран на капитални инвестиции во земјава ќе им помогне на домашните компании да си ги усовршат технологиите, да се здобијат со знаења и да ангажираат нови градежни работнци.
 
„Има уште еден значаен елемент поврзан со вложување во инфратсруктурата, но не и последен- спречување да постанеме интелектуиални вазали на развиените држави. Значењето на доедукација на инженери, тие предвзиуваат истражувања и потреба од дополнителни знаења.  Со тоа стручниот кадар се образува и е способен да изведува такви обејтки, а со таквите знаења настапнува и на другите пазари“, смета професорот Марковски.
 
Со двете нови делници ќе бидат изградени нови 104 километри автопат, кои ќе бидат готови три години по започнување на изградбата. Заедно со Демир Капија – Смоквица, чија изградба е во тек, автопатската мрежа во Македонија ќе биде зголемена за 132 километри или за околу 64 проценти повеќе во однос на сегашната вкупна должина. Претпоставките се дека инвестициите во патната инфраструктура преку изградба, реконструкција и модернизација на патиштата ќе значат придобивки за вкупниот економски развој на државата.
 
Соња Јованова- Наумовска