Македонија
УХМР: Од петок постудено со врнежи од дожд и снег
15.11.2023 11:52
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег, соопштуваат од УХМР.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.
