Руско - украински конфликт
Судирите меѓу руските и украинските сили продолжуваат по целата линија на фронтот
15.11.2023 12:01
Воздушни руски напади биле извршени врз 19 населени места, а над 140 населби биле под артилериски оган...

Судирите меѓу руските и украинските сили продолжија по целата линија на фронтот, при што двете страни известуваа за соборување на непријателски беспилотни летала. Воздушни руски напади биле извршени врз 19 населени места, а над 140 населби биле под артилериски оган.
Руските сили не се откажуваат од обидот да ја опколат Авдијевка, соопшти украинската армија.
