Обвинителството со реакција до Лога: Ажурноста не е доведена во прашање, има дисциплински постапки
Јавното обвинителство му одговори на министерот за правда Лога за критиките за работата. Велат – ажурноста не е доведена во прашање, има дисциплински постапки …

Министерот за правда Лога се скара со Јавното обвинителство. Го достави извештајот за работа на Обвинителството во Владата и истиот го објави јавно со аномалиите во работата. Токму тоа го налути Обвинителството за и од таму јавно да реагираат на критиките на Лога. Недостасуваат податоци за траењето на истрагите, информации за снимањето на испитувањата на обвинетите и на сведоците, како и податоци за дисциплински постапки. И додека Обвинителството во дописот појаснува дека роковите за истрага се инструктивни, ажурноста не е доведена во прашање.
„Во однос на ажурноста на истражните постапки, во 2022 година завршени се истрагите против 1.433 лица или 66,1% од вкупниот број истраги во работа. Бројот на завршени е поголем од бројот на новоотворени истражни постапки во текот на годината, што укажува на намалување на бројот на отворени постапки во Обвинителствата. Во 1.087 предмети истрагите завршиле со поднесено обвинение“, велат од Обвинителството.
Во обвинителствата со проширена надлежност има инсталирано аудиовизуелна опрема за снимање, но снимањето не е задолжително, а и нејзиното користење е ограничено, бидејќи за тоа нема ниту кадровски ниту материјални услови со само шест информатичари се правдаат од Обвинителството. Ако Правда сака како што бараа и медиумите може да добие извештај за дисциплинските постапки.
„Поведени се дисциплински постапки против 12 јавни обвинители. Во пет од овие случаи Дисциплинската комисија донела решение за утврдена дисциплинска повреда и ја изрекла најтешката дисциплинска мерка – Предлог за разрешување од функцијата. На пет обвинители им е изречена соодветна парична казна, а само за еден обвинител комисијата донесе одлука дека не сторил дисциплинска повреда“, соопштуваат од Обвинителството.
Обвинителот Љубомир Јовески чиј мандат полека истекува, а во Собранието е закажана негова интерпелација подготвен е пред сите институции, како што пишува во долгото соопштение, да одговори на сите забелешки кои се нотирани од Лога во извештајот доставен до Владата.
Миле Ристески
