Инвестиции

ТИРЗ ги претстави можностите за инвестирање пред повеќе од 50 јапонски компании

15.11.2023 12:20

Како што соопштуваат од ТИРЗ, на настанот беа споделени и успешни приказни на тајванската компанија Јагео, најголема гринфилд инвестиција во земјава како и на јапонска компанија која работи на македонскиот пазар, а свое обраќање имаа и генералниот директор на ЏЕТРО во Виена, Татсуо Камино, јапонскиот амбасадор во земјава, Охтсука Казуја, како и државниот секретар во МНР, Филип Тосевски.

Повеќе од 50 јапонски компании учествуваа на бизнис вебинар организиран од ТИРЗ во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија, ЏЕТРО (JETRO). Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ги претстави инвестициски можности во С.Македонија, инвестициската клима, економските перспективи и можностите достапни за јапонските компании.

Како што соопштуваат од ТИРЗ, на настанот беа споделени и успешни приказни на тајванската компанија Јагео, најголема гринфилд инвестиција во земјава како и на јапонска компанија која работи на македонскиот пазар, а свое обраќање имаа и генералниот директор на ЏЕТРО во Виена, Татсуо Камино, јапонскиот амбасадор во земјава, Охтсука Казуја, како и државниот секретар во МНР, Филип Тосевски.

„Македонија има клучна географска положба која им отвора пристап на јапонските компании кои сакаат да го прошират своето присуство на европскиот пазар. Нудиме флексибилност, одлична инфраструктура и квалификувана работна сила. Посветуваме внимание на платите, кои и покрај тоа што растат бројот на вработени во Зоните е зголемен за над 30% само во последниве три години. Македонија покажа дека е вистинска бизнис дестинација со оглед на тоа дека во изминативе три години имаме постигнато договори од 1 милијарда евра, што е исто колку инвестицискиот обем за десет години. Соработката помеѓу ЏЕТРО и ТИРЗ со сигурност отвора нови можности за јапонските компании“, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

И првиот човек на ЏЕТРО во Виена, Татсуо Камино нагласи дека овој вебинар е пример за посветеноста на ЏЕТРО за поттикнување на меѓународната соработка. Тој додаде и дека ЏЕТРО е тука да ги поддржи и води јапонските компании во нивниот потфат на македонскиот пазар како и дека верува во потенцијалот на С. Македонија како стратешка дестинација за инвестирање.

Јапонските компании најмногу се интересираа за пристапот до квалификувана работна сила,  кои се предизвиците и суштинските елементи што треба да се земат предвид при влез во Северна Македонија како и дали македонските компании бараат соработка со јапонски фирми- стои во соопштението.