Неизвесност: Кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија?!
На специјалниот самит на лидерите на ЕУ, одржан по изборите во Брисел, премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон отворено го истакнал своето незадоволство од именувањето на Јункер за наследник на Баросо...

Се понеизвесно е кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија. Победникот на Европските избори, Жан Клод Јункер се соочува со сериозни опструкции на две од трите најмоќни држави на стариот континент. 59-годишниот политичар е убеден оти токму тој, ќе биде новиот човек на престижната функција.
Сепак, на специјалниот самит на лидерите на ЕУ, одржан по изборите во Брисел, премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон отворено го истакнал своето незадоволство од именувањето на Јункер за наследник на Баросо. Според германскиот весник Шпигел, британскиот премиер и се заканил на германската канцеларка Мерке, дека неговата земја може да ја напушти функција, доколку Јункер биде избран за нов претседател.
Спред Камерон , Јункер не е во можност да ги решава проблемите со кои се соочува Европската Унија. Со сличен став е и францускиот председател Франсоа Оланд. Но, Јункер ја ужива подршката од еден од најмоќните лидери, односно од германската канцеларка Ангела Меркел. Дека ситуацијата е комплицирана и крајно незвиесна потврдуваат и експретите на реномираните тинк тенк организации во Европската престолнина.
„Веројано нема да се најде заедничко решение за претседател на Европската Комисија. Европските лидери на државите - членки ќе мораат да најдат компромис“, вели Пол Иван, од ЕПЦ.
За местото пак на бароницата Кетрин Ештон- позиција Висок преставник на Европската Унија за надворешана политика и безбедност, во европските кулоари се почество се споменува поранешниот шеф на дипломатијата на Полска, Радослав Сикорски.
За комесаријатот за проширувањена Унијата пак најсериозни кандидати се поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев и актуелниот министер за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчек. Комесарот Стефан Филе ќе го заврши својот мандат на крајот на октомври.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
