Пресуда

Две години и три месеци затвор за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“

15.11.2023 12:40

Обвинетиот претходно го призна делото кое му се става на товар, а рече дека избегал од страв да не биде тепан.

Две години и три месеци казна затвор за 21-годишникот од Скопје, кој на 12-ти октомври на булеварот „Никола Карев“ со автомобил удри во десетгодишно дете, кое од ударот почина на самото место, а тој избега.

На обвинетиот му е одредена и казна забрана за управување со моторно возило во период од три години, со што времето поминато во затвор не се смета во казната. Продолжена му е и мерката куќен притвор, сè до правосилноста на пресудата.

Обвинетиот претходно го призна делото кое му се става на товар, а рече дека избегал од страв да не биде тепан.

Таткото на починатото дете најави дека ќе се жали на денешната пресуда.