Почина актерот Жарко Лаушевиќ
Тој беше еден од најпознатите југословенски и српски актери од втората половина на 1980-тите, чија кариера нагло беше прекината поради злосторството што го направи во 1993 година, за што беше осуден на неколку години затвор во родната Црна Гора.
Актерот Жарко Лаушевиќ (63) почина денеска по кратко и тешко боледување, соопшти неговата сопруга Анита Лаушевиќ.
Жарко Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње, а дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Тој беше еден од најпознатите југословенски и српски актери од втората половина на 1980-тите, чија кариера нагло беше прекината поради злосторството што го направи во 1993 година, за што беше осуден на неколку години затвор во родната Црна Гора.
По скратувањето на казната и помилувањето, Лаушевиќ се пресели во Соединетите Американски Држави, од каде се врати прво со исповедната книга „Годината минува, денот никогаш“, а потоа со уште неколку автобиографски дела, како и неколку улоги на телевизија и филм во последните десет години.
Популарноста во Југославија ја стекна со улогата на криминалец во телевизиската серија „Сиви дом“ (1986) во режија на Дарко Бајиќ, како и во филмовите „Шмекер“ (1986), „Се случи на денешен ден“ (1987) , „Битката на Косово“ (1989), „Кажи зошто ме остави“ (1993) и „Подобро oд бегство“ (1993).