свет
ЕУ ја намали прогнозата за раст за оваа и наредната година
15.11.2023 14:49
Економијата ја изгубила динамиката...

Европската унија ја намали прогнозата за раст за оваа и наредната година. Економијата ја изгубила динамиката. Инфлацијата влијае на потрошувачката и повисоките каматни стапки на централната банка го одвраќаат задолжувањето и инвестициите.
Според Брисел, конфликтот на Блискиот Исток не ги попречуваше испораките на нафта но постои ризик од прекини во снабдувањето со енергија што потенцијално може да има значително влијание врз цените и глобалниот раст.
