Османи оптимист дека ќе бидат исполнети условите за почеток на преговори со ЕУ
На само еден месец пред Самитот на Европскиот Совет, шефот на дипломатијата Османи сепак оптимист дека ќе бидат исполнети сите услови за почеток на преговорите со ЕУ. Шефицата на дипломатијата на Романија, Луминица Одобеску која беше во билатерална посета на земјава, ја нагласи поддршката на Романија членство на Македонија во Унијата, и посочи дека нашата држава треба да го искористи геополитичкиот момент.
На само еден месец пред Самитот на Европскиот Совет, шефот на дипломатијата Османи сепак оптимист дека ќе бидат исполнети сите услови за почеток на преговорите со ЕУ.
„Не може да кажам дека ја пропуштивме шансата, ќе работиме до последен момент, но јасно е дека без уставни измени не може да се одржи втората меѓувладина конференција, ниту пристапниот процес“-вели министерот за надворешни работи. Тој вината ја лоцира во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.
Шефицата на дипломатијата на Романија, Луминица Одобеску која беше во билатерална посета на земјава, ја нагласи поддршката на Романија членство на Македонија во Унијата, и посочи дека нашата држава треба да го искористи геополитичкиот момент.
„Со оглед на стратешката важност на европската интеграција на вашата земја, веруваме дека само преку заедничка заложба и широк национален консензус за многу потребните реформи вашата држава што поскоро ќе ги донесе потребните одлуки и ќе се забрза патот кон Унијата. Ве поттикнуваме да ја искористите оваа шанса што се отвори за проширување, по агресијата на Русија врз Украина“, нагласи министерката Одобеску.
За провокациите кои сè уште доаѓаат од Бугарија, Османи истакна дека истите силно ги осудува, но дека немаат намера да упатат протестна нота. Тие провокации- вели Османи, во кој предничи потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова се во функција на нивната изборна кампања.
Шефот на македонската дипломатија категоричен-ги повикав Македонците во Албанија да се попишат како што тие сакаат. Ова следува откако македонското малцинство истакнало дека имало закани и притисоци од Бугарија да се попишат спротивно на нивните желби.
Марина Стојанова- Тонева
