Фреквенцијата на болни деца во Козле не стивнува
По близу 100 деца на лекар во смена во Козле. Не се обични настинки. Најголем дел од нив се со наод на бели дробови. Новозаболени до 4 години.

Педијатар Драгана Марковска има по 90 деца пациенти во смена. Не се обични настинки, растечен нос. Вели од минатата недела некој го стисна копчето, не само што има многу болни деца, туку најголем дел од нив се со наод на бели дробови. И од Институтот за јавно здравје во последниот извештај потврдија дека најмногу новозаболени се деца од 0 до 4 години.
Бебињата до една година да се однесат на лекар при првите симптоми. Кај поголемите да се следи, да се менаџира состојбата по совети на матичен лекар.
Фреквенцијата на болни деца во Козле не стивнува.
200 прегледи за 24 часа, 64 хоспитализирани, од нив 5 на кислородна поддршка.
Наташа Јанчиќ Менковски
