ДСЗИ не утврдил присуство на салмонела во училиштата во скопски Карпош
Немало салмнонела ниту во храната ниту во кујните во скопските училишта во Карпош каде што се затруја десетина ученици. Од надлежната агенција велат дека дополнително ќе се утврдува причината. За анализите ќе биде потребно повеќе време.

Бактеријата салмонела ја нема во кујните во основните училишта во Карпош ниту во храната која до нив ја доставува компанијата, покажуваат анализите од вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и АХВ.
Брисовите од работните површини во кујните како и мострите земени од вработените покажале дека таму нема присуство на салмонела. Кујните во ôд 6-те училишта во скопски Карпош од денеска се отворени.
Од што се затруле 12-те основците треба да покажат епидемиолошките анализи и анкетата на Центарот за јавно здравје.
Од Центарот за јавно здравје за МТВ потврдија дека до нив стигнале уште две пријави на ученици заразени со салмонела во две основни училишта во општината Ѓорче Петров кои не се поврзани со случаите во скопски Карпош. Минатата недела беа пријавени 12 случаи на салмонела во 5 училишта во скопски Карпош.
Викторија Милевска
