мвр

233 санкционирани возачи во Скопје, 36 за брзо возење

16.11.2023 09:06

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 233 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 37 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.