Македонија
МВР ги демантира информациите објавени преку социјалните мрежи за киднапирања
16.11.2023 09:09
Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните, велат од МВР...

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите пласирани преку социјалните мрежи за киднапирања.
Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР.
