Субвенциите го раздвижуваат македонскиот аграр!
Седумдесет илјади земјоделци со средствата од субвенциите ќе можат да го продолжат и да го развијат земјоделскиот бизнис. Крајниот рок заврши, но во подрачните единици и денес ќе се примаат апликации. Земјоделците се задоволни од едноставноста на процедурата.

По основ на субвенции за минатата година, владата им исплати средства на седумдесет илјади земјоделци. Колку земјоделци парично ќе бидат поддржани од наредна исплата сеуште не се знае, прибирањето на апликации во единиците на министерството за земјоделство завршува денеска. Велешкото семејство Филипови е само едно од многуте кои веќе аплицирале за добивање субвенции.
„Службите многу ни помагаат, ни потполнуваат документи, ни покажуваат што треба да се извади, ни ги исцртуваат парцелите. Оваа година е многу полесно за поднесување на апликација бидејки се бараат многу малку документи“, вели Боби Филипов, земјоделец.
Филипов е дециден, субвенциите и финасиските средства од Програмата за рурален развој го раздвижја македонскиот аграр. Ако се има предвид можноста, земјоделецот сега да аплицира и за добивање средства од ИПАРД програмата тогаш се поизвесно е дека на многу млади семејства земјоделието ќе им стане семеен бизнис. Велес е пример каде развојот на земјоделието и индустријата сега одат рамо до рамо.
До овој момент во ПЕ на Министерството за земјоделие поднесени се 2.250 апликации за добивање на субвенции, во сппоредба со минатата година тоа е за 150 апликации помалку. Од подрачната единица очекуваат дека оваа бројка ќе биде исполнета и годинава затоа што апликации ќе се прибираат и во текот на денешниот ден.
Дијана Иванова
