Белград

Саем „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград

16.11.2023 09:35

Во Белград од 16-ти до 19-ти Саем „Винска визија Отворен Балкан“ со 600 изложувачи, од кои рекордни 74 излагачи од Северна Македонија...

Од 16-ти до 19-ти ноември на Белградскиот саем ќе се одржи меѓународниот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија.

Од Службата за медиуми на српскиот претседател соопштија дека во четирите дена на Wine Vision, Белград ќе собере повеќе од 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји.

Половина од излагачите ќе бидат од земјите членки на Отворениот Балкан, поточно 260 од Србија, 74 од Северна Македонија и 21 од Албанија.

Ние овде затекнавме подготовки за Саемот и најдовме на македонски винарии.

Првиот саемски ден, 16-ти ноември, во четврток, во 17 часот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе ги дочека високите личности и бизнисмените од повеќе земји од светот.

Она што неофицијално го дознавме е дека македонската делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а ќе дојдат и мострите Николовски и Бочварски.

Како и минатата година, се предвидува одржување и на Македонска вечер, овојпат во петок во престижниот хотел „Радисон Блу“.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ